ЛШ: Челзи за спас на сезоната, Бенфика за историја

256

Вечерва ќе ги добиеме првите две екипи кои ќе обезбедат пласман во четвртфиналето на најсилното европско клупско натпреварување – УЕФА Лигата на шампионите. Челзи во дербито на вечерта ја пречекува Борусија (Д), откако го загуби првиот натпревар со 1-0. Тимот на Греам Потер ќе направи се за да ја мине оваа рунда, затоа што ЛШ е нивната единствена шанса да постигнат нешто значајно оваа сезона.

Лондончани играат крајно променлив тек од почетокот на годината, но викендов ја прекинаа негативната серија со победата над Лидс, што им даде одредена самодоверба пред денешната пресметка.

Борусија и годинава има прилично млад тим, со кој не престанува да изненадува. Карим Адејеми ја обезбеди тесната победа на првиот меч против Челзи, но и германскиот тим имаше доволно среќ, па тогаш остана со празна мрежа. Борусија се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите само еднаш од 2017 година. Од сезоната 1996/1997 година, тимот нема победа во двата дуели од елиминациите на турнирот, а покрај тоа, загуби 5 последователни средби на европските турнири играни во Лондон.

Греам Потер повторно ќе биде без услугите на половина првотимци, но Кристијан Пулишиќ и Рис Џејмс се вратија на тренинзи и ќе му бидат на располагање на менаџерот. Мејсон Маунт е суспендиран и нема да игра, а Каи Хаверц, Жоао Феликс и Рахим Стерлинг речиси сигурно ќе стартуваат во нападот.

Кадровските проблеми на Борусија се поврзани со повредите на Јусуфа Мукоко и голгетерот од првата средба Адејеми, а под суспендија е десниот бек Џулијан Риерсон, кој ќе биде заменет од Марвис Волф.


МОЖНИ СОСТАВИ:

ЧЕЛЗИ: Кепа; Чалобах, Кулибали, Фофана; Џејмс, Ковачиќ, Фернандез, Чилвел; Стерлинг, Хаверц, Феликс

БОРУСИЈА (Д): Мајер; Волф, Зиле, Шлотербек, Гереиро; Озџан, Џан, Белингем; Брант, Алер, Ројс


Во вториот меч Бенфика го пречекува Бриж по победата која Португалците ја обезбедија на првиот гостински меч со 2-0. Несомнено, Бенфика е голем фаворит за пласман во следната рунда, додека избраниците на Скот Паркер ќе мора да направат вистински подвиг за да ги елиминираат „орлите“ од Лисабон .

Избраниците на Роџер Шмит ќе се обидат да стигнат до четвртфиналето на турнирот во две последователни сезони за првпат во својата историја. Белгијците беа сензација во групната фаза, но оттогаш нивната форма нагло опадна.


МОЖНИ СОСТАВИ:

БЕНФИКА: Влаходимос; Бах, Отаменди, А. Силва, Грималдо; Орнес, Флорентино; Марио, Р. Силва, Нерес; Рамос

БРИЖ: Мињоле; Мата, Мехеле, Сила, Мејер; Одои, Ониедика; Буханан, Ванакен, Ланг; Јутгла


 

ПретходноЛука Станковски во „Тимот на колото“ во Словенија
СледноПедри се враќа викендов за дуелот со Билбао