Славен Билиќ доби отказ од Ватфорд по неполна половина година како тренер на англискиот второлигаш. Нему му пресуди тоа што на 11 кола пред крајот на сезоната во Чемпионшип е на четири бода од шестото место, што на крајот од првенството гарантира пласман во Премиер-лигата.
Првите два клуба во Чемпионшип одат директно во првата лига, а екипите од третото до шестото место разигруваат. Билиќ не можеше да ја подобри формата на својот тим, кој победи само еднаш во последните осум натпревари од крајот на јануари до денес. Падот на Билиќ почна уште порано, на крајот на минатата и на почетокот на оваа година загуби три од четири натпревари, вклучувајќи го и оној за испаѓање во најраната фаза од ФА Купот.