Македонија на 23 март, со мечот против Малта, ќе ги стартува квалификациите за ЕВРО 2024. Познато е дека ние сме во групата – Ц, каде покрај Македонија и Малта се и селекциите на Англија, Италија и Украина.
Според нашите информации, селекторот Благоја Милевски во среда (15 март) ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за квалификацискиот дуел со Малта, но и за пријателската со Ф. Острови која е закажана четири дена подоцна, исто така во Скопје.
Милевски нема да експериментира со списокот, барем такви се најавите, но можни се и мали изненадувања.
Што се однесува до Аријан Адеми, кој својата кариера ќе ја продолжи во Кина, тој би требало да игра на мечот со Малта иако од Хрватска се најавува дека “лавот“ на 20 март ќе патува во Пекинг на официјална промоција во новиот клуб.
На списокот планирано е да се најде и Илија Несторовски, напаѓачот од Удинезе, но дали ќе биде така зависи многу и од неговата повреда. Нестор ќе дојде на собирот на 19 февруари во Скопје, само ако е здрав.
Сепак да оставиме простор барем уште една недела, кога во среда Милевски ќе го објави списокот со играчи на кои ќе смета за дуелите со Малта и Ф. Острови.