Попладнево се одиграа сите пет средби од 22.коло. Со ова заврши вториот круг од тековната сезона. На мега – дербито во Струга, домашната Струга ТЛ за која свое деби имаше новиот тренер Шпетим Дуро, успеа да слави против Шкупи со 2:1. И двата гола беа од пенал. Но имаше пенал и за чаирчани, кои во 90+7.,минута преку Алварез дојдоа до 2:1.
Ова значи дека Струга ТЛ ќе има 4 бодови предност, но и последниот меч сезоната против Шкупи ќе го игра дома, што е уште поважно.
Струга ТЛ одигра строго на резултат, во 85. и 86.минута имаше супер шанси за поубедлив триумф, но имаше неколку шанси и Шкупи барем за бод
Шкендија со 3:0 убедливо го победи Работнички. Одличен настап на тетовци кои со головите на Цаке, Милев и Мујезиновиќ заслужено славеше под Шара.
Исто така убедлива беше и А. Пандев на мечот со Победа и труиумф со 3:0. Ѓорѓиевски, Велиновски и Врдољак беа стрелците за нови три бода на тимот на Александар Васоски.
Голема, голема победа на Брегалница и тоа среде Кратово и тоа со 1:2. Ѓорѓиев и Калпачки стрелаа за водство на “сините“ од 0:2, додека Стојчевски само намали во последните секунди од средбата.
И на Автокоманда домашниот Скопје и Македонија ЃП одиграа 1:1. Најдовски уште во првата мината си даде автогол за водство на „лавовит“, за да во 90+3.минута Хајдари со гол му донесе бод на Скопје.
РЕЗУЛТАТИ 22.КОЛО
А.ПАНДЕВ – ПОБЕДА 3:0
(М. Ѓорѓиевски 3., Велиновски 70., Врдољак/)
СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1
(Хајдари 90+3./Најдовски (авт) 2./)
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 3:1
(Цаке 9., Милев 29., Мујезиновиќ 82./Рушевиќ 90+3.)
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 1:2
(Стојчевски 90+2/Ѓорѓиев 41., Калпачки 49.)
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2:1
(Шабани (п) 22., Ибраими (п)90./Алварез (п) 90+7.)
ТИКВЕШ (СЛОБОДЕН)