Чави: Јас имам ДНК на Барса и никому не ја давам топката! Но, Модриќ…

7601

Еден месец и нешто од почетокот на март до почетокот на април го одбележува „Ел Класико“. Во овој период Реал и Барса играат дури три пати. Најголемите шпански тимови првиот дел го одиграа пред шест дена, Барса го победи Реал со 1-0 во првиот полуфинален меч во Купот на Кралот. Ова беше атипичен меч за двата најголеми ривали. Реал имаше посед на топка дури 65%, што пак е најголем воопшто во „Ел Класико“, додека Барса имаше 35%.

„Прв пат го видовме Реал како неприкосновен господар на топката, како што ја видовме Барселона како се бори за опстанок стисната во својата половина, но не во паника, непогрешливо го користеше својот одбранбен систем и тактиката 6-3-1“, пиша Марка.

Сепак, доминацијата на Реал беше залудна. Се играше само на половината на Барселона, но домаќинот не создаде ниту половина шанса. Тренерот на Барса Чави коментираше после тоа и пред претстојните два натпревари на најголемите ривали на Камп Ноу, во првенството на 19 март и реваншот во купот на 5 април, со неспоивиот стил на игра на Барса што доведе до победа на Реал прошлата недела:

„Ако постои личност која ја претставува ДНК на Барса, тогаш тоа сум јас. Секогаш ја сакам топката. Но, има ситуации кога треба да се прилагодите. Како можеш да му ја одземеш топката на Модриќ? Нема шанси, не можеш”, рече Чави. 

ПретходноАнглискиот стручњак доби отказ по срамната елиминација во Лигата на шампиони!
СледноВо тестаментот на Пеле се споменува и непризнаена ќерка!