Бајката на Скот Паркер во тимот на Клуб Бриж заврши после 67 дена откако дојде во овој тим. Причината за отказот е срамната елиминацијата во Лигата на шампиони. Сега веќе неговиот екс-тим кај Бенфика беше совладан со 5-1 и со вкупни 7-1 беше елиминиран во осминафиналето на најсилното европско клупско натпреварување.
Иако за отказот пресуди испаѓањето од Лигата на шампионите, уште поголем проблем е неговата лоша форма во белгискиот шампионат. Клуб Бриж е на четвртото место со 21 бод помалку од лидерот Генк. Под водство на Паркер, Бриж победи на два од 12 натпревари, додека шест завршија нерешени и четири загуби.