Бен Арфа го доби ПСЖ на суд, но ќе добие отштета од само 100.000 евра

111

Некогашната голема ѕвезда на француската Лига 1, напаѓачот Хатем Бен Арфа го доби судскиот спор против ПСЖ поради „морален прогон“. Тој ќе добие 100.000 евра отштета за плати и нематеријална штета од својот поранешен клуб.

Бен Арфа беше играч на ПСЖ од 2016 до 2018 година. Меѓу април 2017 година и јуни 2018 година, тој беше суспендиран од главниот тим на парижаните, што го сметаше за неправеден потег. Французинот побара отштета од парискиот клуб за непочитување на договорот во износ од 7 до 8 милиони евра.

За ПСЖ, Бен Арфа одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна 4 гола и 7 асистенции.

ПретходноСкандал во С. Арабија: Супер-дербито меѓу Ал-Итихад и Ал Наср ќе го суди пријателот на Роналдо!
СледноПМФЛ: Лидерот со пенал-триумф во дербито, моќна Брегалница, убедливи Шкендија и А. Пандев, Скопје се спаси од пораз во 90+3!