Велковски: Нема потреба од преголем респект, фокусот треба да биде на нашата игра!

135

Мартин Велковски после паузата поради повредата се врати на терените, а со тоа и во составот на македонската ракометна репрезентација. Неговото искуство ќе биде од големо значање за квалификацискиот двомеч со Португалија, но и за во иднина.

Тој вели дека полека се враќа во форма и натпреварувачки ритам, напорно работи да го достигне нивото пред повредата.

„Секогаш е убаво чувството кога ќе се вратиш во репрезентацијата, ќе тренираш и ќе играш во дресот на националниот тим. Се надевам дека проблемите со повредите дефинитивно ги оставам зад себе, полека се враќам во натпреварувачки ритам, добивам поголема минутажа во клубот и со тоа си ја зголемувам и самодовербата. Можам да кажам дека во моментов не сум на нивото на кое бев пред повредата, но работам напорно и се стремам за што поскоро да го достигнам тоа ниво, да се вратам во старата форма“.

Што се однесува до Португалија, најважно е да се излезе на терен и да се одигра максимално.

„Направивме анализа за играта на Португалците, како во нападот, така и во одбраната. Знаеме дека тие одиграа квалитетно на последниот светски шампионат, но фокусот треба да биде на нашата игра. Нема потреба од преголем респект, најважно е ние да излеземе на терен, да го дадеме нашиот максимум и се надеваме дека со тоа ќе стигнеме до позитивен резултат“, коментира Велковски.

Македонија има уште еден ден за подготовка за првиот меч со Португалија. Истиот се игра утре во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“, билетите веќе се пуштени во продажба.

ПретходноГаздата на Челзи подготвува „летно чистење“: 14 фудбалери се на „црниот список“ на Тод Боли
СледноМилевски во среда ги “открива картите“: Адеми ќе игра со Малта, и Нестор на списокот!