Попладнево се играше и второлигашки фудбал. Во дербито на 18.коло во Гостивар, домашниот тим на Гостивар и Плеистер одиграа 1:1. Во водство дојде домашниот состав со голот на Христов во раната фаза од мечот, за да во 29.минута со прекрасен гол на Љамчевски тимот од Битола дојде до тие 1:1
Вардар немаше никакви проблеми на средбата со Борец во Велес. Победи со 0:3 и тоа двата гола на Жоглев и еден на Јусуфу.
Поради познатите настани мечот меѓу Пехчево и Беласица сепак не се одигра.
Воска славеше кај Беса со 0:1, додека Охрид на домашен терен го победи Арсими со 2:0.
РЕЗУЛТАТИ – 19.КОЛО
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 1:1
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 0:1
САСА – СЛОГА (В) 1:0
ПЕХЧЕВО – БЕЛАСИЦА
БОРЕЦ – ВАРДАР 0:3
ДЕТОНИТ – КОЖУВ 0:0
ОХРИД – АРСИМИ 2:0
УТРЕ:
КАРАОРМАН – ТЕТЕКС
ТАБЕЛА:
Воска 46, Вардар 46, Гостивар 44, Пелистер 40…