ВМФЛ: Гостивар ќе ја “проверува“ силата на Пелистер, Вардар пред лесни три, Беса ја дочекува Воска

588

За денеска од 14 часот закажани се седум меча од 19.коло во ВМФЛ. Еден, оној во Струга, меѓу Караорман и Тетекс ќе се игра утре.

Повеќе од јасно е дека дербито се игра во Гостивар,каде силите ќе ги одмерат истоимениот тим и Пелистер. Важен меч за двете екипи,посебно за битолчани кои оваа пролет имаат три од три.Имено во случај на победа тие и дефинитивно ќе се приклучат во битката за пласман во ПМФЛ. Сега сите меѓусебни мечеви меѓу Воска, Гостивар, Вардар и Пелистер ќе бидат од огромно значење.

Вардар ќе му гостува на Борец и не би требало да има проблеми да ги освои трите бода. Велешани се убедливо најслабиот тим и прашање е само со колкава разлика Вардар ќе триумфира.

Амбициозниот состав Беса ја дочекува Воска, засега лидерот на табелата. Се очекува квалитетен и неизвесен дуел меѓу две квалитетни екипи. Овој меч се игра во Врапчиште.

На останатите мечеви Саса игра дома со Слога (В), Пехчево во Скопје ја дочекува Беласица, Охрид посакува бодови против Арсими и Детонит го дочекува тимот на Кожув.

ДВОЈКИ ЗА19.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР

БЕСА – ВОСКА СПОРТ

САСА – СЛОГА (В)

ПЕХЧЕВО – БЕЛАСИЦА

БОРЕЦ – ВАРДАР

ДЕТОНИТ – КОЖУВ

ОХРИД –АРСИМИ

УТРЕ:

КАРАОРМАН – ТЕТЕКС

ТАБЕЛА: Воска Спорт 43, Гостивар 43, Вардар 43, Пелистер 39, Детонит 32, Беласица 29, Охрид 26, Арсими 24, Беса 24, Караорман 23, Кожув 20, Пехчево 17, Слога (В) 13, Саса 13, Тетекс 11, Борец 1

ПретходноЛејкерс го повлекоа дресот со бр. 16 на легендарниот Пау Гасол (ВИДЕО)
СледноНагелсман ќе почне без Садио Мане на дуелот со ПСЖ