Газдата на Челзи подготвува „летно чистење“: 14 фудбалери се на „црниот список“ на Тод Боли

2000

Челзи синоќа пред своите гледачи ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако го загуби првиот натпревар со 1:0. Без разлика дали ќе ја освојат Лигата на шампионите или не, многу играчи би можеле да бидат принудени да си заминат за управата да избегне големо намалување на нивните плати. Според „Телеграф“, американскиот сопственик Тод Боли сака да се ослободи од сите првотимци кои немаат договори на минимум две години.

Тоа значи дека ова лето ќе имаме вистински егзодус на „Стемфорд Бриџ“. Матео Ковачиќ, Мејсон Маунт, Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус-Чик, Пјер-Емерик Обамејанг, Сезар Аспиликуета и Тиаго Силва имаат договори кои истекуваат во 2024 година и нивната иднина може да биде загрозена доколку не потпишат нови до крајот на сезоната. Н’Голо Канте, исто така, би можел да гледа кон вратата на клубот бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната, додека Каи Хаверц, Бен Чилвел, Конор Галагер, Едуард Менди и Хаким Зијех, исто така, се во потесниот круг на играчи кои би можеле да бидат продадени.

Малку е веројатно дека сите 14 играчи ќе бидат продадени одеднаш, но некои од играчите веќе се поврзуваат со заминување од западен Лондон.

ПретходноНагелсман ќе почне без Садио Мане на дуелот со ПСЖ
СледноВелковски: Нема потреба од преголем респект, фокусот треба да биде на нашата игра!