Ако не можеше Шкупи, тогаш тоа го стори Брегалница. Имено штипските “сини“ го срушија Силекс среде Кратово и тоа со 1:2. Се до последните секунди од мечот резултатот беше 0:2, но тогаш Брегалница го прими првиот гол во својата мрежа оваа пролет, прв откако тренер е Горан Здравков кој по четирите средби како стратег на “сините“ има две победи и две ремија, без пораз.
Одличен старт на Здравков, интересно и двете победи се на гостински терен.
По завршувањето на мечот во Кратово тренерот на Брегалница за “Спортмедиа“ истакна:
“Па, не можам да кажам дека се беше идеално, не требаше да го примиоме тој гол во последните секунди. Сепак, сепак јас сум горд на овие момци. Брегалница денеска во Кратово одигра феноменален меч. Успеавме да победиме еден силен тим на Силекс. Имавме шанси за уште поубедлива победа, но најважно е што ги освоивме трите бода. Секоја чест и честитки за играчите на Брегалница“ ни изјави Горан Здравков.