Црвена Звезда успеа да го совлада актуелниот шампион на Евролигата, екипата на Ефес Пилсен со 94:75 и се уште сонува пласман во Топ 8 на табелата за следната фаза. Актуелниот европски првак во Белград дојде ослабен поради неиграњето на Мициќ и Ларкин, а Звезда тоа го искористи и ги надополни оние 13 поени разлика со кои Ефес славеше во Истанбул.
Звезда ја предводеше Факундо Кампацо кој за 24 минути на паркетот постигна 22 поени и 7 асистенции. Огњен Добриќ имаше 15 поени. На другата страна Родриг Бубоа и Анте Жижиќ постигнаа по 16 поени.
А Макаби Тел Авив славеше над Фенербахче со 78:74 и сега има скор од 14 победи и 13 порази. Кај Макаби најефикасен беше Браун со 21 поен, а Болдвин постигна 15. Кај Фенер најмногу поени постигна Хајс 16.
И на последниот меч вечерва Монако го победи Панатинаикос со 84:70.