Лапорта за заминувањето на Меси: Морав да одберам или тој или клубот!

598

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта проговори за заминувањето на напаѓачот Лионел Меси од Барселона. Шпанскиот клуб не го продолжи договорот на напаѓачот во 2021 година, по што тој се пресели во ПСЖ како слободен играч.

„Морав да ја донесам оваа одлука. Клубот е поважен од сите играчи. Бев тажен. Морав да направам избор и го избрав овој клуб“, изјавил Лапорта за „Мундо Депортиво“.

Во тековната сезона има доста шпекулации околу можното враќање на меси на „Камп Ноу“, но според релевантни извори  во реалноста тоа е тешко остварливо. По ПСЖ, Меси веројатно ќе одбере настап во МЛС лигата во САД од каде долго време се обидуваат да го убедат на трансфер.

ПретходноЧелзи слави четвртфинале, ја надокнади негативата од Дортмунд (видео)
СледноМилвоки победува и без Јанис, Ирвинг и Дончиќ за нова победа на Далас (ВИДЕО)