ПМФЛ: Лидерот со пенал-триумф во дербито, моќна Брегалница, убедливи Шкендија и А. Пандев, Скопје се спаси од пораз во 90+3!

798

Попладнево се одиграа сите пет средби од 22.коло. Со ова заврши вториот круг од тековната сезона. На мега – дербито во Струга, домашната Струга ТЛ за која свое деби имаше новиот тренер Шпетим Дуро, успеа да слави против Шкупи со 2:1. И двата гола беа од пенал. Но имаше пенал и за чаирчани, кои во 90+7.,минута преку Алварез дојдоа до 2:1.

Ова значи дека Струга ТЛ ќе има 4 бодови предност, но и последниот меч сезоната против Шкупи ќе го игра дома, што е уште поважно.

Струга ТЛ одигра строго на резултат, во 85. и 86.минута имаше супер шанси за поубедлив триумф, но имаше неколку шанси и Шкупи барем за бод

Шкендија со 3:0 убедливо го победи Работнички. Одличен настап на тетовци кои со головите на Цаке, Милев и Мујезиновиќ заслужено славеше под Шара.

May be an image of 3 people and outdoors

Исто така убедлива беше и А. Пандев на мечот со Победа и труиумф со 3:0. Ѓорѓиевски, Велиновски и Врдољак беа стрелците за нови три бода на тимот на Александар Васоски.

Голема, голема победа на Брегалница и тоа среде Кратово и тоа со 1:2. Ѓорѓиев и Калпачки стрелаа за водство на “сините“ од 0:2, додека Стојчевски само намали во последните секунди од средбата.

И на Автокоманда домашниот Скопје и Македонија ЃП одиграа 1:1. Најдовски уште во првата мината си даде автогол за водство на „лавовит“, за да во 90+3.минута Хајдари со гол му донесе бод на Скопје.

РЕЗУЛТАТИ 22.КОЛО

А.ПАНДЕВ – ПОБЕДА 3:0

(М. Ѓорѓиевски 3., Велиновски 70., Врдољак/)

СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1

(Хајдари 90+3./Најдовски (авт) 2./)

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 3:1

(Цаке 9., Милев 29., Мујезиновиќ 82./Рушевиќ 90+3.)

СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 1:2

(Стојчевски 90+2/Ѓорѓиев 41., Калпачки 49.)

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2:1

(Шабани (п) 22., Ибраими (п)90./Алварез (п) 90+7.)

ТИКВЕШ (СЛОБОДЕН)

ПретходноБен Арфа го доби ПСЖ на суд, но ќе добие отштета од само 100.000 евра
СледноВМФЛ: Без победник на дербито во Гостивар, Воска и Вардар со триумфи