Победничко селфи: Супер-деби на Дуро, Струга ТЛ сега има +4 пред Шкупи!

767

Уф, колку важна победа на Струга ТЛ во битката за титулата. Лидерот денеска на свој терен го совлада Шкупи со 2:1, сите три голови паднаа од белата точка, па така сега лидерот има +4 бода пред вториот на табелата, тимот од Чаир.

Секако дека ова е многу важно, но исто така важно е дека и последниот меч, ако решава за титулата, меѓу Струга ТЛ и Шкупи ќе се игра во Струга.

Треба да се каже дека Шпетим Дуро имаше супер-деби на клупата на Струга ТЛ. Неговите момци одиграа речиси перфектно во дефанзивата, во финишот имаа и три зицери за поубедлив триумф, а одиграа и неверојатно борбено со голема желба за победа.

Токму затоа по мечот следуваше едно победничко селфи…

ПретходноКостески: Треба да излеземе на терен без притисок, немаме што да загубиме, можеме само да добиеме!
СледноГоран Здравков: Горд сум на овие момци, Брегалница одигра феноменален меч во Кратово!