Полувреме: Шабани од пенал за водство на Струга ТЛ во супер – дербито, водат и Брегалница, Шкендија, А. Пандев…

230

Завршија првите полувремиња на сите пет средби од 22.коло во ПМФЛ. Во Струга на супер – дербито водство има домашниот состав и тоа со голот на Шабани од пенал во 22.минута. Голманот на Шкупи стартуваше врз Малески, а судијата Стојчевски покажа на белата точка. За разлика од Ибраими, Буњамин Шабани беше сигурен пеналџија.

Шкендија има водство под Шара со Работнички од 2:0, и тоа со головите на Цаке и Милев. Брегалница со голот на Ѓорѓиев води во Кратово. Водстсто од 1:0 има А. Пандев против Победа со убавиот гол на Мартин Ѓорѓиевски, и со автоголот на Најдовски, Македонија ЃП има водство на скопската пресметка со „пиратите“.

ПретходноСамо двајца милјардери останаа во финалната трка за Манчестер Ј.
СледноСкандал во С. Арабија: Супер-дербито меѓу Ал-Итихад и Ал Наср ќе го суди пријателот на Роналдо!