Екипата на Милан ја сочува предноста од првиот дуел со Тотенхем во ЛШ и успеа да се пласира во четвртфиналето за првпат по 11 години. На „Сан Сиро“ „росонерите“ победија со 1:0 преку голот на Брахим Диаз, а вечерва во Лондон требаше само да ја сочуваат предноста.
Одиграа без голови што беше доволно за место во наредната рунда.
Фудбалерите на Тотенхем одиграа нервозен меч по првото полувреме, Ромеро и Ленгле набрзина добија жолти картони, а бесен беше и тренерот Антонио Конте кој исто така „пожолте“. Во 77 минута Ромеро доби втор жолт картон и беше исклучен, па Тотенхем се најде во ситуација да се бори за гол со 10 играчи.
Резултатот не се промени па Тотенхем испадна од ЛШ, а Милан оди понатаму.