Турција ја доби драмата со Луксембург, Холандија ја растури Хрватска!

270

Турција ја запиша првата победа во квалификациите за ЕП 2024 година, откако го совлада Луксембург со 29-30 во третото коло во групата 1, во која се наоѓа и Македонија.

Иако според резултатот на полувремето (10-14) се чинеше дека гостите ќе дојдат лесно до првите бодови, сепак Луксембург со серија од 3-0 прво дојде на 22-23, а потоа успеа да израмни на 24-24, па на 29-29 во финишот. Омур Пеливан го постигна победничкот гол за својот тим.

Холандија одигра уште еден неверојатен натпревар и покажа зошто прерасна во една сериозна селекција во светот на ракометот. „Лалињата“ на домашен терен и одржаа лекција на Хрватска, ја совладаа со 32-27 и го запишаа вториот пораз во овие квалификации. По 15-13 на одморот, домашната репрезентација одигра одлично во второто полувреме во кое имаше и предност од седум ола 21-14, 22-15 и 23-16. Оваа позитива беше доволна за мирен финиш. За Хрватска ова беше прв пораз, прв за новиот селектор, Горан Перковац.

Кај Смитс беше лидер со осум погодоци, Лук Стеинс имаше шест гола. На другата страна Карачиќ, Штрлек и Лучин имаа по четири погодоци.

На останатите средби, Франција дојде до третата победа во низа во групата 8, откако на гости кај Полска славеше со убедливи 28-38.

Грузија дојде до првата радост во овие квалификации, без никаков проблем славеше против Литванија со 32-28.

ПретходноСоиграчот на Митревски од Порто со комплименти: Никола е неверојатен голман!
СледноДуро: Оваа победа ни ја обнови самодовербата, задоволен сум од тоа како одигравме