Баерн Минхен нема да го откупи договорот на Жоао Кансело со Манчестер Сити. Во јануарскиот преоден рок португалскиот бек му се приклучи на баварскиот клуб како позајмен со тоа што има опција да остане на „Алијанц“ доколку Германците платат 70 милиони евра.
Но тоа нема да се случи затоа што Кансело не е во плановите на Нагелсман исто како што не беше во плановите на Пеп Гвардиола во Сити поради што мораше да замине.
Кансело добро стартуваше, со две асистенции на првите два меча против Мајнц во Купот и Волфсбург во лигата на почетокот на февруари. Потоа ситуацијата се смени, Нагелсман одлучи да го седне на клупата.
Кансело јавно го изрази своето незадоволство, а навивачите го сметаат за тотално разочарување. Тој ќе се врати во Манчестер Сити по истекот на договорот, а може и порано ако двете страни се договорат.
Засега има интерес Челзи и Реал Мадрид да го донесат во своите редови во текот на летото.