ЛШ: Мега-пресметка во Минхен, Милан со минимална предност во Лондон

189

Баерн (Минхен) е домаќин на Пари Сен Жермен на „Алијанц Арена“ во еден од највозбудливите реванш натпревари од 1/8-финалната фаза од Лигата на шампионите. Баварците вечерва почнуваат со предност од 1:0 по одличниот  настап на првиот меч во Париз, предност која може да биде и пресудна на патот кон четвртфиналето.

На првиот меч беше очигледно дека главната ѕвезда на Французите, Мбапе не беше во оптимална состојба, откако претходно беше повреден. Сега, Меси и Мбапе се во извонредна форма, иако третата ѕвезда во нападот на ПСЖ, Нејмар, поради тешка повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната.

Од сезоната 2010/11, Баерн не е елиминиран од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, откако славел на првиот натпревар. 15 од нивните последни 17 натпревари во Европа, одиграни на „Алијанц Арената“, завршија со победи на Баварците. Баерн последен пат не успеа да постигне гол на домашен натпревар во Лигата на шампионите во април 2018 година.

ПСЖ ќе направи се за да избегне елиминација во осминафиналето по петтипат во последните седум сезони. Парижаните минаа во следната рунда само еднаш во претходните шест наврати во Лигата на шампионите каде што го загубија првиот натпревар.


МОЖНИ СОСТАВИ:

БАЕРН: Зомер; Станишиќ, Упамекано, Де Лигт; Коман, Кимих, Горецка, Дејвис; Сане, Мусиала; Чупо-Мотинг

ПСЖ: Донарума; Переира, Маркињос, Рамос; Хакими, Руиз, Верати, Витиња, Мендес; Меси, Мбапе


Милан, пак, вечерва гостува кај Тотенхем во реванш дуелот од осминафиналето. „Росонерите“ имаат мала предност од 1:0 по домашниот успех во првиот меч.

Тотенхем е во обид да стигне до првото четвртфинале на турнирот од 2019 година, кога стигна до финалето каде загуби од Ливерпул со 2:0. Лондончани денеска ќе можат да сметаат и на поддршката од своите навивачи, како и на враќањето на нивниот менаџер Антонио Конте, кој ги пропушти последните неколку натпревари поради здравствени причини. Сепак, домаќините повторно ќе бидат без повредените Родриго Бентанкур, Ив Бисума, Уго Лорис и Рајан Сесењон, но овој пат на Конте ќе му биде на располагање Пјер-Емил Хојберг, кој не играше во Милано.

Од друга страна, Стефано Пиоли конечно на голот ќе го има Мањан, кој паузираше многу долго поради повреда, а во составот сеи Томори и Исмаел Бенасер, кои исто така го пропуштија првиот меч поради повреди. Браим Дијаз ги надмина проблемите со коленото и е подготвен за игра од првата минута, како и Оливие Жиру кој по грипот, сега е добро и ќе биде во првиот состав.


МОЖНИ СОСТАВИ:

ТОТЕНХЕМ: Форстер; Ромеро, Ленгле, Дејвис; Емерсон, Хојбјерг, Скип, Перишиќ; Кулушевски, Кејн, Сон

МИЛАН: Мањан; Калулу, Кјаер, Томори; Салемакерс, Круниќ, Тонали, Ернандез; Дијаз, Жиру, Леао


 

ПретходноФЛЕКС КРЕДИТ – КОМПАНИЈА СО ВИСОКА СВЕСНОСТ ЗА РАМНОПРАВНОСТА НА ЖЕНИТЕ, ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ СО ПАТУВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ
СледноСкандал: Играч на Сити фатен пијан во бар, ги соблекол панталоните и малтретирал една жена! (ВИДЕО)