Тренерот на Баерн (М), Јулијан Нагелсман, смета дека Садио Мане нема да стартува на реваншот против Пари Сен Жермен денеска во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Постојано е се подобар и подобар, но мислам дека нема да биде во стартниот тим. Вистина е, во моментов не сум донел конечна одлука за ова прашање“, изјави германскиот стратег во најавата на мечот.
Сенегалскиот центарфор летото се пресели од Ливерпул во Минхен, каде што одигра брилијантно во есенскиот дел од сеозната постигнувајќи 11 гола на 23 натпревари, а тешко се повреди на 8 ноември на првенствениот натпревар против Вердер Бремен. 30-годишниот напаѓач се врати пред 10-тина дена на мечот против Унион Берлин на кој одигра 26 минути од клупата, а во саботата доби 28 минути во пресметката со Штутгарт.