Вообичаено кога станува збор за мак – фудбалот. По мега – дербито во кое Струга ТЛ го победи Шкупи со 2:1, по малку чудна реакција од страна на првиот човек на чаирчани Олгун Ајдин. Имено на официјалната ФБ страна на клубот има соопштение, во кое стои:
“За сите што му посакувате лошо на клубот, тргнете ги валканите раце од ФК Шкупи!
Неправедните одлуки против нашиот клуб наскоро ќе бидат објавени со видео анализа и соопштение“.
Навистина чудно ако се знае дека денеска судијата Игор Стојчевски беше перфектен, судеше буквално што треба да се суди, но затоа тимот од Чаир беше мизерен.
Јасно е дека секој има право на реакција, да си даде коментар,но никој не може да не натера да гледаме со други очи.
Олгун Ајдин изгледа дека брзо заборава како лани стана првак, и што се случи во октомври на мечот токму со Струга на Чаир. И секако,претходно на мечот од ланската сезона со Ренова, исто на Чаир.
Срамота е за Шкупи, со ваков екстра тим за наши услови да си на -4 во однос на Струга ТЛ, овој тим реално треба да биде на +10 пред сите во ПМФЛ.
Погледнете во своите грешки, тогаш некои работи секако дека ќе ви станат појасни.
На крај, да, секој може да коментира, но пеналот или пеналите се гледаа од авион, имаше нели и за Шкупи, но нерабирливи се овие солзи до плафон.