Скандалозно: Фудбалерите на Беласица дочекани со тупаници во Сингелиќ, закани и со оружје, тренерот Гуцев е во болница!

5430

Како што велат од таборот на Беласица, при самото пристигнување на струмичани на стадионот на Фортуна во скопската населба Сингелиќ, на кој што требаше да се одигра денеска мечот со Пехчево, фудбалерите и тренерот биле дочекани со тупаници. Имало и закани со огнено оружје, а тренерот Гуцев е пренесен во болница. Напаѓачите се неидентификувани лица кои биле на стадионот.

Ова од Беласица го објавија на ФБ, а за “Спортмедиа“ има и изјава од нивна страна.

Навистина срамно. Ова е голем скандал. Не знаеме дали ова е фудбал или некој друг спорт. Ние не сакаме да го одиграме овој натпревар, немаме намера да играме. Секако дека треба да бидат сите запознаени со она што се случуваше тука на стадионот на Фортуна каде ние требаше да играме со Пехчево“ велат од таборот на Беласица

ПретходноСкандал: Играч на Сити фатен пијан во бар, ги соблекол панталоните и малтретирал една жена! (ВИДЕО)
СледноВлатко Дробаров се врати во Черно Море! (ФОТО)