Во вторник (14.03.2023) во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се оддржи ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија.
Како што одамна е познато, во барабанот ќе се најдат екипите на Струга ТЛ, Шкендија, Силекс и Македонија ЃП. Нема веќе слаби противници, сите овие екипи, освен стружани кои се лидери на табелата во ПМФЛ, не само што досега имаат играно во големите финалиња туку и го освојувале пехарот. И во оваа фаза се игра само по еден натпревар.