Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) ќе ги одмери силите со Португалија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.
Добро е познато дека составот на нашиот национален тим е видно променет, нема бројни искусни имиња. Кирил Лазаров за првата од двете пресметки во оваа ЕХФ-недела го одреди составот. Новитети се Мартин Велковски за кого беше очекувано да се најде на конечниот список, како и повратникот Марко Мишевски, и Марко Митев.
Шанса за следната средба ќе чекаат Кизиќ, Аларов, Ќосевски и Младеновиќ.
Македонија има две победи на стартот исто како и Португалија, и двете селекции теоретски се пласирани на ЕП 2024 година.