Храбар меч на младите момци Македонци против една репрезентација како што е Португалија. Иако немаше голем дел од најискусните како Манасков, Талески, Пешевски и Георгиевски, сепак оние кои се појавија не му дозволија на далеку подобриот противник лесно да мине во Скопје. До душа, на момент, судиите беа наклонети кон гостите. Нашите ракометари паднаа во последните десет минути, па крајниот резултат не ја дава вистинската слика.
Првиот пораз во овие квалификации беше неизбежен, Португалија славеше со 23-29, но тоа пак не ги скрати шансите за ЕП 2024 година, напротив една победа значи потврда на второто место во групата 1.
Кузмановски и Серафимов со пет гола беа први стрелци кај нас, три погодоци имаше Џонов. Томовски имаше седум одбрани, Митревски четири.
Со цврста игра во одбраната и голема верба, вака влегоа избраниците на Кирил Лазаров. Многумина очекуваа бледо издание, но напротив иднината покажа дека треба само трпение.
Џонов го отвори мечот 0-1, во шест минути и двата тима постигнаа по еден гол, со тоа што Португалија по промашениот зицер на Цветан Кузманоски, за прв пат на мечот поведе со 2-4 (11 минута), па 4-6. Долого време стоеше овој резултат, двата тима грешеа, а нашите момци токму поради тие технички грешки не успеваа да изедначат, дури не реализиравме два седмерци во низа. Португалија тоа го стори на другата страна, казни за 4-8 во 21. минута.
Лазаров повика тајм-аут, одговоривме со 3-1 за 7-9 (Џонов, Јагуриноски и Костески), имавме шанса за повеќе, но не реализиравме, ниту ги фаќавме одбиените топки по одбраните на Митревски. Серафимов од седум метри, па Џонов по добра одбрана намалија на 9-10 во 26. минута. Технички грешки имавме тие не кочеа да бидеме рамноправни. На одморот резултатот е 11-14.
Одличен вовед во второто полувреме, Македонија со 3-1 дојде на минус еден 14-15 по само три минути игра. Неправда од страна на судиите, наши грешки беше доволно за да гостите зголемат на 14-18 во 36 минута.
Томовски внесе свежина, ракометарите се држеа на два до три гола негатива. При 17-19, избраниците на Лазаров не искористија два напади за израмнување. Серафимов од седум метри доближи на 18-19, Томовски одбрани, Митев израмни на 19-19 за разгорување на атмосферата во „Борис Трајковски“, Кузмановски со бомба направи пресврт. Македонија по вторпат поведе на оваа средба, во 45 минута беше 20-19.
Португалија се врати и тоа на голема врата со 4-0, од кои два седмереци на 20-23. Костески го прекина налетот за 21-23. Но, примивме уште два гола (21-25). Лазаров повика тајм-аут, мораше да се смири, но паднавме во последните пет минути. Португалија осигура пет гола разлика (22-27), доволна за мирен финиш.
Реваншот меѓу двете репрезентации е за три дена во Порто.
МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 23-29 (11-14)
Митревски, Томовски, Велковски 1, Кузмановски1, Ѓоргиев 1, Митев 1, Маркоски 1, Кузмановски 5, Костески 2, Џонов 3, Јагуриноски, Стојковиќ, Атанасијевиќ 1, Серафимов 5, Петров 2, Мишевски