Француски клуб го отпушти тренерот поради непримерни коментари и лоши резултати

265

Францускиот фудбалски стручњак Абдел Бухазама е тргнат од позицијата тренер на француски Анже поради низата на лоши резултати но и непримерните коментари во соблекувалната кои „протекоа“ во јавност.
Анже е последен на табелата со само 10 бодови од 26 кола, а Бухазама за употребените зборови по неделниот пораз од Монпеље во националните медиуми е портретиран како сексист.
Сакајќи да ги мотивира своите играчи, Бухазама го спомена Илјес Чети кој е осомничен дека напаствувал девојка во ноќен клуб за време на првенствената пауза, додека траело СП во Катар.
Што е тука лошо, сите сме ‘пипале’ девојки“, биле зборовите на Бухазама кон играчите поради што ја изгуби и работата.
Со цел клубот да го сочува имиџот и спокојот во соблекувалната тргнат е тренерот, па клубот сега е во потргата по нов стручњак.
Соочен со медиумски притисок Бухазама објави дека ќе ја напушти позицијата главен тренер на клубот. Претседателот му ја прифати неговата оставка. Клубот не прифаќа било каков облик на дискриминација и осудува сексизам и омраза кон жените“, соопштија од клубот.

ПретходноЗвезда го победи шампионот Ефес, Фенербахче поразен во Израел
СледноМбапе: Тие имаат состав за освојување на Лигата на шампиони! Ова е нашиот максимум!