Црвен аларм „пишти“ на Чаир, Шкупи е во тешка паника !

5034

Поразот од Струга ТЛ создаде пекол на „Чаир“ каде е вклучен црвениот аларм, каде има паника и страв од можноста да се загуби титулата. Шкупи е далеку од тим кој потсетува на лани, кој игра шампионски и кој наликува на сила и страв во домашниот шампионат. Нема ништо ново, нема идеја во играта, истата тактика, лоши експерименти и сето тоа носи слаби резултати и минус од четири бода зад Струга Трим Љум, но и Шкендија ете ја блиску зад грбот.

И кога ќе се губи од сопствените грешки, кога никој нема сила и храброст да пресече и да каже дека вината е во сопстените редови, се случува атак на нешто што до вчера било главно оружје во пресметката со останатите. Истанбул е на линија, Ајдин Олгун „јатаган“ да сече глави, но човекот е далеку од реалноста и не е исто да гледаш од далеку и од блиску. Турскиот бизнисмен кој нема пасош и е под истрага во сопствената земја, сега истражува кој бил виновен за лошите игри и резултати. Пикира судии и надворешни соработници, а не гледа во сопствениот двор, во екипата, во стручниот штаб и менаџментот.

Гоце Седлоски сега нема намера да даде оставка, чека отказ и исплата на договорот, а не како пред неколку месеци кога замина па експресно се врати. Тренерот на Шкупи е на удар, но некои сето тоа сакаат да го покријат иако има и такви кои веќе во Ардијан Нухиу гледаат нов предводник на чаирските „гулаби“.

На „Чаир“ не е мирно ниту во фудбалскиот клуб, немирните ветрови не го заобиколуваат и клубот кој до сега беше обединител на неколкуте струи. Сега има и такви од старата гарда кои повторно носат кадровски решенија во Шкупи, клуб кој според квалитетот на играчи, организација и финансии треба да е далеку пред сите, а не во тежок минус, лоша игра и прочитана тактика. Фати го Алварез и толку е …! Требаат промени, идеји, решенија, а не празни муабети, барање виновници и приказни од типот „ветер во магла“.

Ајдин Олгун можеби е шампион, можеби има тим за респект и добар проект, но со ваквото работење го убива сето она што е изградено минативе три, четири години!

Фудбалот покажал и докажал дека  никој не е вечен па ниту Олгун во Шкупи и Македонија… Доаѓаат бурни денови..

 

ПретходноРаспад во ПСЖ. Мбапе оди во Реал, Меси се враќа во Барса, а Нејмар го бркаат?
СледноБлагој Гуцев: Се подготвува хајка против Беласица, од тепани ќе излеземе виновни