Вчерашниот меч од ВМФЛ шампионатот помеѓу елипите на Пехчево и Беласица не се одигра поради напад на неслужбени лица врз гостите. Струмичани со видливи повреди и психички лоша состојба си заминаа и мечот не се одигра.
Најлошо мина тренерот на Беласица, Благој Гуцев, кој бил удрен од страна на засега непознатите сторители и беше пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош. Од ФФМ, како и од делегираните службени лица на мечот, се инсистираше вчера мечот да се одигра но до тоа не дојде. На теренот во Сингелиќ вчера не се играше фудбал, а откако минаа 24 часа од настанот тренерот Благој Гуцев има свое видување на настаните.
„Ете и тоа го дочекавме. Во 2023 година. Тепани, со закани да бегаме од натпревар и да не го одиграме. СРАМОТА. Тоа имам да кажам. Зарем ова е тој фудбал за кој сите ние се залагаме, вложуваме труд, средства, енергија… што да им кажеме на овие млади деца, дека ова е начинот со кој што тие треба да се справуваат за да успеат? Катастрофа. Наместо на терен, јас да одам по болници, на инфузија, на прегледи… Ајде што се случи тоа што се случи, туку ние денеска добиваме информација дека целиот случај сега се сака да се заташка. Да мине виновникот за сето ова неказнет“ – се обрати Гуцев преку социјалните мрежи.