И Тетекс се жали на судењето…

749

Шкупи, па Слога (В), а еве и Тетекс се жали на судењето и тоа на натшреварите на овој тим во ВМФЛ.

Тетовци реагираат со сооопштение на ФБ страната, и прашуваат дали тие однапред се испаднати од ВМФЛ. Ова доаѓа по денешниот пораз од Караорман со 1:0 во меч од 19.коло во ВМФЛ кој се одигра во Струга.

Еве што напишаа од ФК Тетекс:

Фудбалскиот Клуб Тетекс 1953 се обраќа со прашања до Фудбалска федерација на Македонија :

1.Дали сакате однапред да бидеме испаднати без фер борба?!

2.До кога на терените во македонската втора лига главната улога ќе ја имаат судиите?!

На последните два натпревари, главна улога имаа судиите со нивните “ненамерни” грешки.

Имено, на натпреварот од 18-то коло правдата односно неправдата ја делеа Смоковски Кирил и неговите помошници Смилковски Марјан и Конески Дино.

Во продолжение објавуваме две ситуации во кој очигледни пенали не беа досудени.

Истото продолжува на денешното 19-то коло каде неправдата ја делеа Илиоски Влатко и неговите помошници Трајковски Борис и Мишевски Иле, при што имаше и срамно признат гол од страна на Мишевски Иле. Четврти судија на мечот беше Смоковски Кирил.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Храбра игра на младите момци против Португалија
СледноСтоле Стоилов: Големиот борец и остана верен на Македонија! (ФОТО)