Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со голем пресврт и конечни 1:2 успеа да слави над естонецот Глинка и да оствари пласман во 1/4 финалето од фјучерс турнирот во Кретеј, Франција.
Ивановски го загуби првиот сет со 6:3, но потоа најпрво израмни на 1:1 со 7:6, а потоа со фуриозен трет сет и да триумфира со 6:1, и конечни 2:1.
Сега, Калин кој е петти носител на турнирот во следната фаза ќе се сретне со домашниот претставник Гибодо.