Кузмановски: Можеме да се носиме со сите и во Португалија ќе одиме на победа

481

Во отсуство на голем број интернационалци во тимот, на денешниот дуел со Португалија главниот товар падна врз Филип Кузмановски. По мечот тој вака го прокоментира поразот од Португалците:

„Лошо го затворивме натпреварот со многу технички грешки. Мислам дека бевме фокусирани, добро анализиравме, но ќе мора да видиме каде погрешивме. Мора да направиме добра анализа, да се одигра уште еден борбен меч на гости и зошто да не одиме на победа. Се трудиме да дадеме максимум за Македонија. Имавме добра анализа, но имаме 2-3 дена сега добро да се подготвиме и во Португалија да одиграме добар меч. Знаеме дека можеме да се носиме со сите репрезентации. Гледаме дека има изненадувања во овие квалификации. Ќе растеме како екипа, за брзо време очекувам да напредуваме. Со оглед на отсуството на некои играчи, навистина има тежина да се биде лидер. Треба да се биде пример за помладите. Така беше и кога јас бев млад“.

ПретходноПораз кој не треба да боли: Храбра игра на младата Македонија против Португалија (ФОТО)
СледноЛЕ: Арсенал се враќа со реми од Лисабон, Рома и Баер (Л) со солиден капитал ќе одат на гости (ВИДЕО)