Пелистер со победата над Слога денеска речиси се пласира во завршниот “балон“, односно во плеј – офот во АБА 2 лигата.
Беше тешко со тимот од Србија, битолчани имаат голема предност, но во финишот сепак драма, но и победа на крај.
Стратегот на Пелистер Марјан Илиевски беше задоволен по триумфот на неговиот тим па покрај другото истакна:
“Прво честитки за играчите на овој голем успех. Овие момци го заслужија ова. Пред почетокот на сезоната од управата на клубот мислеа дека ова за нас ќе биде преголем залак, дека настапот во АБА 2 ќе биде една обична екскурзија со оглед на тоа дека буџетот беше преполовен. Но, ете, успеавме. Секако благодарност до момците кои јас ги селектирав, покажаа дека имаат квалитет“ рече Илиевски.