Пиоли: Милан мора да оди чекор по чекор

60

Тренерот на тимот на Милан, Стефано Пиоли синоќа, пресреќен по елиминацијата на тимот на Тотенхем и пласманот во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите, рече дека ова е голем успех но дека сепак мора да се остане сконцентриран.

„Покажавме одличен тимски дух вечерва. Дури мислам дека можевме да постигнеме и гол. Милан мора да оди чекор по чекор. Најважно беше да ја прескокнеме групната фаза и да се пласираме во 1/8 финалето, што не ни успеа лани. Сега ја чекаме ждрепката, а во меѓувреме повторно ќе ги фрлиме сите сили во шампионатот“, изјави Пиоли по крајот на мечот со Тотенхем.

Милан сега ќе има време да се фокусира на домашната сцена пред следната европска битка, бидејќи следната недела има уште 4 натпревари за играње на програмата во 1/8-финалето од Лигата на шампионите.

ПретходноШкупи со соопштение: Против нас се играат многу валкани игри! (ВИДЕО)
СледноУ-15: Македонија одигра без голови против Словенија!