ПОЛУВРЕМЕ: Храбра игра на младите момци против Португалија

738

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Португалија губи со 11-14 во рамките на квалификациите за ЕП 2024 година. Кирил Лазаров на оваа средба и на реваншот не смета на искусните Манасков, Пешевски, Георгиевски и Талески.

Одбраната за разлика од Светското првенство беше добро поставена, но најважно и цврста. Се играше борбено, младите момци излегоа храбро, со респект колку што е потребно, ништо повеќе.

Џонов го отвори мечот 0-1, во шест минути и двата тима постигнаа по еден гол, со тоа што Португалија по промашениот зицер на Цветан Кузманоски, за прв пат на мечот поведе со 2-4 (11 минута), па 4-6. Долого време стоеше овој резултат, двата тима грешеа, а нашите момци токму поради тие технички грешки не успеваа да изедначат, дури не реализиравме два седмерци во низа. Португалија тоа го стори на другата страна, казни за 4-8 во 21. минута.

Лазаров повика тајм-аут, одговоривме со 3-1 за 7-9 (Џонов, Јагуриноски и Костески), имавме шанса за повеќе, но не реализиравме 7-9, ниту ги фаќавме одбиените топки по одбраните на Митревски. Серафимов од седум метри, па Џонов по добра одбрана намалија на 9-10 во 26. минута. Технички грешки имавме тие не кочеа да бидеме рамноправни. На одморот резултатот е 11-14.

Кузмановски има два гола, исто колку Серафимов и Џонов.

 

ПретходноКоментар на 22.коло: Струга ТЛ дефинитивно покажа и докажа дека има сила да биде шампион!
СледноИ Тетекс се жали на судењето…