Е.Пелистер за најважниот дел од сезоната направи промени во стручниот штаб. Добро е познато дека тимот ќе го предводи Александар Јовиќ, а како тим-менаџер ќе биде Звонко Шундовски, тука е и Александар Зарков.
Првиот човек на клубот, Зоран Стерјев вчера беше на тренингот на Пелистер, порача успешна сезона и потврди дека амбициите се двојна титула во домашниот шампионат и фајнл-фор во СЕХА-лига.
„Посакувам преостаниот дел од сезоната која е во тек да биде успешен и да ги достигниме нашите цели со тоа што ќе ја освоиме титулата во првенството и во Купот на Македонија и да стигнеме до СЕХА „фајнал-фор“ турнирот. Сакам да гледам како напредувате кон целта и затоа веќе имаме нов старт со професионален тим на тренери. Тука се Александар Јовиќ, Александар Зарков и Звонко Шундовски. Ви посакувам успех на сите и добро здравје за остатокот на сезоната и се надевам на крајот ќе прославуваме“, им се обрати Зоран Стерјев, првиот човек на Е.Пелистер на вчерашниот тренинг на ракометарите и стручниот штаб.