Стравот на Португалците од атмосферата во Скопје е оправдан, Македонија нема пораз од 2015 година!

435

Португалија е свесна за своја сила и предност во никогаш помладиот тим на Македонија. Првата од двете пресметки меѓу овие две репрезентации на календарот е вечерва (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“, а гостите постојано ја потенцираат атмосферата која владее кога станува збор за ракометот.

Македонската ракометна репрезентација, традиционално игра пред полни трибини, домашниот терен е најсилната страна со години, а зошто Португалците се плашат говори и еден податок.

Кога сме кај мечевите на домашен терен ракометарите се без пораз. Македонија има серија од 15 меча без пораз во квалификациите за Европските првенства и бараж мечевите за СП. Една од овие средби завршила со реми против Исланд, додека останатите се чисти победи. Последен пат во Скопје со цел плен заминала Франција, во 2015 година славеше со 25-27.

Кога сме кај квалификациите за ЕП, нашата репрезентација ќе го брка петтиот триумф во низа, истото е со Португалија.

Двете селекции имаат одиграно осум официјални мечеви.

Португалија – Македонија 32-30 (квалификации за ЕП) 
Македонија – Португалија 33-29 (квалификации за ЕП)
Португалија – Македонија 26-25 (квалификации за СП)
Македонија – Португалија 29-26 (квалификации за СП)
Македонија – Португалија 38-32 (квалификации за СП)
Португалија – Македонија 31-26 (квалификации за СП)
Португалија – Македонија 32-25 (квалификации за ЕП)
Македонија – Португалија 26-19 (квалификации за ЕП)

ПретходноВМФЛ: Караорман со минимален триумф над Тетекс!
СледноДрама во финишот: Пелистер оствари екстра значајна победа против Слога во АБА 2!