Судиска анализа: Одлично судење на Стојчевски на дербито

276
Автоматски по завршеното коло во ПМФЛ односно ВМФЛ шампионатите, следува редовната судиска анализа, која што стана пракса кога станува збор за домашните фудбалски натпревари. Истата овојпат се однесува на мечевите од 22. коло во ПМФЛ шампионатот, а главен акцент е ставен секако на арбитражата на Игор Стојчевски, главниот судија на дуелот помеѓу Струга Трим Лум и Шкупи.
Судиска анализа за 22 коло од ПРВА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 22 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот Фк. Струга Трим Лум –Фк. Шкупи одигран на 08.03.2023 година, анализирани се ситуациите од 21, 88 и 90+6 минута. “Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Дејан Костадинов и Даниел Василевски. 21 минута:
ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри) Играч од екипата на домакините беше во посед на топката во 16-сетникот на гостите (близу просторот 5,5 метри), во моментот кога играчот од домакините ја упати топката кон голот на гостите, голманот на гостите со лизгачки старт направи прекршок на ногата на играчот што го упати ударот. Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри за екипата на домакините поради недозволен старт ( на ногата на играчот на домакините) на голманот на гостите и доделен жолт картон. 88 минута:
ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри) Играч на домакините додаде топка кон свој соиграч во 16-сетникот на гостите, во моментот на примање на топката, играч од одбраната на гостите стартуваше невнимателно (отворен ѓон)и направи недозволен старт на ногата (бутот) над играчот на домакините. Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри за екипата на домакините поради недозволен старт (отворен ѓон) на играчот на гостите над играчот на домакините. 90+6 минута:
ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри) Во 16-сетникот на домакините на една топка која не беше во ничив посед тргнаа два противнички играчи, играчот од гостите прв стигна до топката, ја удри и во тој момент играчот од екипата на домакините стартуваше навнимателно и направи недозволен старт (на долниот дел од стапалото) над играчот на гостите. Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри за екипата на гостите, поради недозволен старт на играчот на домакините. На натпреварот Фк. Силекс – Фк.Брегалница одигран на 08.03.2023 година, анализирани се ситуациите од 41 и 90+4 минута. “Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Петковски и Филип Ицковски. 41 минута:
ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција) Играч од екипата на гостите додаде топка до соиграч, кој во моментот на додавање се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините, ја прими топката и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот од екипата на гостите во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините). 90+4 минута:
ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција) Играч од екипата на домакините додаде топка до соиграч, кој во моментот на додавање се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите кој закасни со правење офсајд замка, ја прими топката и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот од екипата на домакините во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите). На натпреварот Фк. Шкендија–Фк.Работнички одигран на 08.03.2023 година, анализирана е ситуацијата од 20 минута. “Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Давор Цветановски 20 минута:
ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри) Играч од екипата на домакините беше во посед на топката во 16-сетникот на гостите и без да има контакт од противнички играч кој беше близу него, падна и сакаше да симулира прекршок. Исправна одлука на главниот судија, досуден идиректен слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за симулација на играчот на домакините На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
ПретходноСелекторот на Португалија: Знаеме како ќе биде во Скопје, со поддршката од публиката!
СледноЛК – 1/8 финале: Тричко на мегдан со Вест Хем…