ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)

789

Во жестока конкуренција на Шпетим Дуро, кој со својата Струга ТЛ на својот деби настап успеа да слави над Шкупи, сепак ние се одлучивме за тренер на колото да биде Горан Здравков, стратегот на Брегалница.

Се разбира дека за ова заслуга има и тримфот среде Кратово вчера на “жешкиот“ терен на Силекс, но и поради тоа што Чалам како нов тренер на штипските “сини“ покажа во пролетниот дел, во изминатите четири кола.

Само еден примен гол, две победи и две ремија. Се чини дека по пауза од неколку години Брегалница добива екстра тренер на тимот во името на Здравков или како што подобро го знае цела фудбалска Македонија, Чалам.

ПретходноМарјан Илиевски: Мислеа дека АБА 2 за нас ќе биде само една обична екскурзија!
СледноВо вторник ќе се одржи ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија!