Јовиќ и Шундовски: Тука сме сите заедно да ја донесеме титулата во Битола!

112

Во Е.Пелистер почна нова ера. На клупата на битолскиот тим застана Александар Јовиќ, кој дојде на местото на данскиот стратег, Ларс Валтер, кој не успеа да донесе пласман во нокаут фазата во Европската лига.

Јовиќ е вистинското решение за раководството на битолскиот тим, тој заедно ќе работи со поранешниот македонски селектор, Звонко Шунодвски.

„Прво сакам да се заблагодарам за довербата која нам ни е укажана во овој сензитивен момент за клубот. Сакам да упатам благодарност за Шундовски што ја прифати понудата од управата да биде дел од нас. Со неговото огромно искуство ќе ни помогне мене и на Зарков во работата и ќе ни помогне да ги оствариме зацртаните цели во оваа сезона. Мислам дека имаме одличен тим, сите се одлични играчи како поединци, имаме време и со позитивна мисла, вредна работа и правилно насочување од наша страна да исполниме што зацртавме. Имаме уште најмногу три месеци до крајот на сезоната и би ги замолил сите да се фокусираме максимално на индивудуален и колективен план“, изјави Јовиќ.

Шунодвски е среќен што ќе работи за доброто на ракометот во Битола, најави дека нивната цел е освојување на титулата.

„Јас сум тука да го поддржам битолкскиот ракомет најпрво, но и да му помогнам на Александар. Тука сме сите заедно да ја донесеме титулата во Битола. Многу од играчите доаѓаат од различни држави и можеби не разбираат на кој начин треба да ја вратиме титулата која ја нема долго време во Битола. Јас го следам клубот цело време, ги знам сите играчи и мислам дека се многу добри, но фали нешто, има некој мал проблем, за кој сме дојдени да го пронајдеме и решиме. Но и Вие, играчите, треба да помогнете да ја вратиме двојната титула во најракометниот град. Знаеме дека имаме малку време, ќе направиме што можеме да успееме во целите до крајот на сезоната“, изјави Шундовски на првиот собир.

ПретходноЈокиќ во едно од најлошите изданија сезонава беше на чекор до трипл-дабл (ВИДЕО)
СледноМилер: Со Меси лесно се справувавме, против Роналдо секогаш имавме проблеми!