Никола Јокиќ и неговиот тим после четири победи во низа, запишаа пораз. Лидерот на Западната конференција беше совладан од Чикаго на домашен терен со 96-117.
Српскиот репрезентативец, Никола Јокиќ не блескаше како што знае, но сепак беше на две асистенции до трипл-дабл. Мечот го заврши со 18 поени, 12 скока и 8 асистенции за 35 минути во игра. На другата страна Никола Вучевиќ постигна 25 поени, 15 скока и три асистенции.
Резултати: Вашингтон – Атланта 120-122, Бостон – Портланд 115-93, Мајами – Кливленд 100-104, Њу Орлеанс – Далас 113-106, Денвер – Чикаго 96-117, Феникс – Оклахома 132-101, ЛА Клиперс – Торонто 108-100.