ТФТ не успеа да приреди чудо во последниот „балон“ пред почетокот на битката за влез во АБА-лига. Тимот од Тафталиџе стартуваше со два порази, вчера беше совладан од Борац Бања Лука со 75-91.
Во новото бледо издание на македонскиот претставник, од ова натпреварување го издвоија потегот на 18-годишниот Михаил Стојанов, кој прво го издрибла противникот, а потоа му продаде стара добра финта која се уште поминува.
Тој на теренот мина нецели 16 минути за кои постигна шест поени.