18-годишниот Михаил Стојанов со потег на мечот против Борац Бања Лука (ВИДЕО)

414

ТФТ не успеа да приреди чудо во последниот „балон“ пред почетокот на битката за влез во АБА-лига. Тимот од Тафталиџе стартуваше со два порази, вчера беше совладан од Борац Бања Лука со 75-91.

Во новото бледо издание на македонскиот претставник, од ова натпреварување го издвоија потегот на 18-годишниот Михаил Стојанов, кој прво го издрибла противникот, а потоа му продаде стара добра финта која се уште поминува.

Тој на теренот мина нецели 16 минути за кои постигна шест поени.

ПретходноПОЗНАТ Е СОСТАВОТ: Лазаров одбра за пресметката со Португалија!
СледноЈакимовски остана без заб (ВИДЕО)