Во вторник ќе се одржи ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија!

1034

Во вторник (14.03.2023) во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се оддржи ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија.

Како што одамна е познато, во барабанот ќе се најдат екипите на Струга ТЛ, Шкендија, Силекс и Македонија ЃП. Нема веќе слаби противници, сите овие екипи, освен стружани кои се лидери на табелата во ПМФЛ, не само што досега имаат играно во големите финалиња туку и го освојувале пехарот. И во оваа фаза се игра само по еден натпревар.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)
СледноКоментар на 22.коло: Струга ТЛ дефинитивно покажа и докажа дека има сила да биде шампион!