Драма во финишот: Пелистер оствари екстра значајна победа против Слога во АБА 2!

188

Во меч од 12.коло во АБА 2, одигран попладнево во “балонот“ во Широки Бријег, екипата на Пелистер успеа да слави над Слога со 96:93 и со тоа да се најде на чекор до голем успех, на чекор до пласманот во плеј – офот.

Треба да се каже дека Пелистер во текот на целиотмеч имаше убедлива предност, на моменти и до +19, но во финишот вистинска драма.

Пелистер можеше се да упропасти, но на крајот сепак триумф, иако Слога имаше шут за продолженија.

А се почна добро за тимот од Битола на оваа средба. Веднаш Пелистер направи разлика од + 9 поени, но сепак Слога успеа во одреден момент да намали. Но Пелистер првата четвртина ја доби со убедливи 25:16.

Овој тренд продолжи и во вториот период. Момците на тренерот Марјан Илиевски се разиграа, посебно ова се однесува на Карпентер кои постигна 15 поени, кој имаше свое шутерско шоу од позицијата за три поени. Едноставно беше несопирлив за противничкиот тим.

Одличен беше и Маслинко со постигнати 14 поени.

На крајот на пауза се замина со убедлива предност на Пелистер од 56:40. Добра игра, разиграни битолчани, добри во одбраната, ефикасни во нападот и сето тоа вроди со тие +16 на полувреме.

На средината од третиот дел, Слога направи серија и успеа да се приближи на -11 поени, но тренерот Илиевски зема тајм-аут и со тоа ја запре таа серија на српскиот тим.

Јасно беше дека Пелистер повторно малку ќе “стегне“ што се вели, па така одново битолчани имаа голема разлика и до +19 поени.

Последната четвртина не започна добро за Пелистер, имено Слога беше во налет и драстично го намали бодовниот минус. И тоа -8 поени. Овие моменти беа проблематични за нашиот тим. Следуваше добра игра на Слога која успеа уште повеќе да намали дури и на -2 поени.

Ова беше шок за Пелистер, од +17 на почетокот на третата четвртина до само +2.

Сепак Пелистер се прибра, направи мини – серија од +7 поени и дојде до пристојна разлика.

Но ништо уште не беше готово, Слога даваше се од себе во тие моменти. Посебно не кога Илиевски доби техничка грешка, очигледна беше нервозата кај него.

На крајот сепак победа за Пелистер со 96:93.

Што се однесува до стрелците најефикасен кај Пелистер беше Карпентер со 26 поени, додека Карутес постигна три помалку.

ПретходноСтравот на Португалците од атмосферата во Скопје е оправдан, Македонија нема пораз од 2015 година!
СледноШкупи со соопштение: Против нас се играат многу валкани игри! (ВИДЕО)