Кирил Лазаров: Незаслужено загубивме со шест разлика!

531

Младата Македонија вечерва во квалификацискиот меч за ЕП протув Португалија доживеа пораз, пораз кој не боли. Треба да се каже дека момците одиграа храбро и борбено пред домашната публика против квалитетната селекција.

За тоа како го виде мечот, свој коментар имаше селекторот Кирил Лазаров.

Португалија беше фаворит пред натпреварот. Знаеме за каква репрезентација се работи. Мислам дека одигравме квалитетен меч, достоен натпревар против една квалитетна селекција.Мене ми е стварно жал што на крајот резултатот е ваков каков што е. Мислам дека незаслужено изгубивме со шест разлика, еден период, мислам дека беше 45,.минута дури и водевме еден разлика. Не сум задоволен затоа што минаа некои работи за кои се договоривме. Не сум задоволен од тоа, не е срамота да изгубиш од Португалија, но ни недостигаше концентрација, ни недостигаше фокус. Можам да бидам незадоволен и незадоволни зошто можевме да извлечеме поповолен резултат, сепак од друга страна знаеме со каков противник имаме работа, со какви играчи располага Португалија која имаше и квалитетно СП“ посочи селекторот.

За тоа што треба да се поправи за следниот меч кој го играме во Порто, тој истакна:

Па треба да поправиме од се по нешто. Малку доминираа и физички со корпулентност, изгубивме доста дуели, доста бевме дефицитарни на игра со пилот каде што нивните пилоти играат во Барселона и Порто. Бевме договорени да ги браниме, сепак доста голови примивме од таа позиција. Не заради тоа што не бевме добро поставени, туку затоа што мислам дека се покорпулентни физички. Не можевме да се носиме со нивните пивоти. Мислам дека нашите играчи беа во еден мал грч, тоа се почувствуваше, немаше некоја полентност. Но се надевам дека како што поминува времето дека таа младост ќе дојде. Секако дека им значи ваков натпревар“.

На крајот на прашањето на кое место во групата ја гледа Македонија, Лазаров потенцираше:

Најважно е да се пласираме, мислам дека против Турција и Луксембург сме фаворити. Иако во денешно време не е лесно да се добијат мечеви, не очекуваат квалитетни селекции, но не треба сега да размислуваме за овие две селекции. Не чека дуел повторнио со Португалија, на кој треба да одиграме квалитетно за да ни служи за во иднина“, истакна Лазаров.

ПретходноЛЕ: Арсенал се враќа со реми од Лисабон, Рома и Баер (Л) со солиден капитал ќе одат на гости (ВИДЕО)
СледноКЛ: АЕК на Тричко убедливо поразен од Вест Хем, Ница подобра од Шериф (ВИДЕО)