Вечерва беа одиграни уште четири од преостанатите натпревари од осминафиналето на Конференциската лига на УЕФА. Фиорентина во еден од најинтересните дуели, долгосе мачеше против турски Сиваспор, но на крајот минимално славеше со 1:0, благодарение на погодокот на резервистот Барак во 69’.
Базел и Слован одиграа многу возбудлив натпревар со четири гола, но без победник (2:2). Швајцарците поведа во шестата минута преку Амдуни, а Медведев израмни во 17. минута. Базел замина на пауза со водство од 2:1, со голот на Зеќири во 40. минута. Во продолжение уште еден гол на словачкиот тим на Малик Абубакари во 70. минута за целосно изедначување.
Стефано Окака со гол во 16. минута му донесе водство на Истанбул Башакшехир во Гент, но домашните израмнија со голот на Орбан во 35. минута.
Полски Лех дојде до голема предност против Дјургарден пред реваншот во Шведска. Антонио Милиќ ги доведе домашните во водство од пенал, а Марцвински во 82. минута ги постигна конечните 2:0.