ЛЕ: Арсенал се враќа со реми од Лисабон, Рома и Баер (Л) со солиден капитал ќе одат на гости (ВИДЕО)

68

Фудбалерите на Арсенал ремизираа 2:2 во Лисабон против Спортинг во првиот меѓусебен натпревар во оваа фаза од натпреварувањето. Во дербито на вечерта, гостите први поведоа со голот на Салиба во 22. минута, но домашните успеаја да направат целосен пресврт.

Спортинг возврати 12 минути подоцна и на 1:1 израмни Гонзало Инасио, а во 55’ Паулињо го доведе својот тим во водство.

„Топчиите“ беа упорни и на крајот успеаја да погодат на среќа за 2:2. Морита постигна еден несреќен автогол во 62. минута за конечни 2:2.

Во Берлин, белгиски Унион Ст. Жилои трипати водеше против Унион Берлин, но упорните Германци на крајот извадија реми – 3:3.

Во Рим и Леверкузен домаќините обезбедија сигурна предност од по два гола разлик апред реваншите.

Рома дојде до капитална предност на домашен терен со победа од 2:0 над Реал Сосиедад со головите на Стефан Ел Шарави и оној на Дибала во 87. минута од натпреварот.

Баер во Леверкузен со ист резултат славеше против Ференцварош.

ПретходноКузмановски: Можеме да се носиме со сите и во Португалија ќе одиме на победа
СледноКирил Лазаров: Незаслужено загубивме со шест разлика!