Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлсисон беше разочаран по елиминацијата на својот тим во осминафиналето во Лигата на шампиони од Милан. Освен добрите изданија на Светското првенство, тој има катастрофална сезона откако се пресели во Тотенхем. Нема постигнато ниту еден гол во Премиер-лигата каде настапи 17 пати, додека во Лигата на шампиони успеа двапати да се запише во листата на стрелци.
По мечот со Милан, пред бразилските медиуми, Ришарлисон го критикуваше односот на Антонио Конте кон него.
„Оваа сезона е ср*ње. Имав улога во две победи против Вест Хем и Челзи, а тој ме врати на клупата. Ме тестираше и во стартните 11 против Милан, но наеднаш повторно ме врати на клупа. Не можам да разберам“, изјави Ришарлисон. Нема да биде чудо ако после оваа изјава да биде казнет од страна на раководството и Конте.